
Радио МОФ е интернет радио кое продуцира и споделува музички и информативни содржини кои се достапни на http://www.radiomof.mk.
Поведени од фактот дека е ограничен просторот во кој младите можат да се изразат, креираме медиум кој е отворена станица за промоција на младинската, културната и креативната заедница.
Радио МОФ е алтернативен онлајн медиум кој преку продукција на независни и објективни програмски содржини, водени токму од млади автори, ќе се обиде да понуди квалитет, диверзитет и етичност во младинското информирање, со цел да се развијат дискусии кои ќе бидат од корист за младата генерација.
Нашата целна публика се сите млади луѓе и сите граѓани чиј интерес е да бидат информирани за статусот на младите во општеството и кои сакаат негово подобрување.
Радио МОФ е програмска активност на Младински образовен форум.